Гужва на Tабановце, се чека околу еден час за влез во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје, 16 јули 2021 (МИА) – На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This