дома Македонија Гумата само што не паднала: Вака денес вози автобус на „Дурмо турс“

Гумата само што не паднала: Вака денес вози автобус на „Дурмо турс“

Со гума која само што не испаднала и задушлив мирис на чад. Вака низ центарот на Скопје, на крстосницата пред зградата на Владата, вози уште еден „исправен“ автобус на „Дурмо турс“, објави Република.мк.

Ова е автобус во кој се превезуваат патници на релација Гостивар-Скопје, а поминал технички преглед.

Не поминаа ни четири месеци по трагедијата во која загинаа 16 патници на овој превозник. Во меѓувреме, од затворски во домашен притвор отидоа првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот.