Г7 ја предупреди Русија на тешки последици доколку ја нападне Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии (Г7) денеска ја предупреди Русија за „тешките последици” доколку претседателот Владимир Путин ја напдне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми.

На самитот во северниот англиски град Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата.

„Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина ќе има големи последици и голема цена”, се наведува во нацрт-изјавата, наведуваат извори од Г7.

Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува Русија дека собира десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од долг дострел.

Русија негира дека планира напад и ги обвинува Украина и САД дека се однесуваат дестабилизирачки и соопшти дека ѝ требаат пишани гаранции заради нејзианта безбедност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This