дома Македонија Гapванлиев ќe cи ocтане дoмa? – MPT одлyчyвa зa нacтапот нa Eвpoвизиja

Гapванлиев ќe cи ocтане дoмa? – MPT одлyчyвa зa нacтапот нa Eвpoвизиja

Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформи комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев, а одлуката ќе биде соопштена деновиве.

„МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ“, вели Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.