April 18, 2024, 10:04 am

Гepманците и Амepиканците се „скapaa“ зa Maкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ги поддржуваат сите напори на Европската Унија и на нејзините земји-членки да им помогнат на Македонија и Бугарија полесно да постигнат решение, изјавил за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали Вашингтон ја поддржува понудата на Австрија да посредува меѓу двете држави во решавање на проблемот.

-Историскиот Преспански договор покажа дека државите во Западен Балкан се способни да исполнуваат тешки работи, да прават компромиси и да наоѓаат решенија. Убедени сме дека Бугарија и Македонија ќе го направат истото преку преговарање на нивните билатерални спорови надвор од пристапниот процес со ЕУ. САД ги охрабруваат сите напори на ЕУ и нејзините земји-членки да им помогнат на страните полесно да го постигнат овој резултат, вели портпаролот на Стејт департментот.

Тој, исто така, додава дека САД се силни поддржувачи на кандидатурите за членство во ЕУ на сите аспиранти од Западен Балкан.

-Веруваме дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во регионот, наведува портпаролот на Стејт департментот.

Австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер при денешната посета на Скопје понуди Австрија да посредува во преговорите меѓу С Македонија и Бугарија со цел да се отстрани бугарското вето, и земјата да може да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Според неа, би било голема грешка доколку билатералните конфликти и нерешени историски прашања бидат причина државата да не ги почне преговорите за влез во Унијата.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас не гледа причина во решавањето на спорот да се вклучуваат трети страни, но вели дека Берлин е секогаш подготвен да помогне и да го сподели своето искуство.

По состанокот со македонскиот колега Бујар Османи во Берлин, Мас уште еднаш ја истакна поддршката на Берлин за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ „што е можно побрзо“.

„Германија е сериозна за ЕУ перспективата на земјите од регионот и тоа особено важи за Северна Македонија, која одамна ги исполни условите за почеток на преговорите. Затоа минатата година многу се заложивме за одржување на меѓувладината конференција, но тоа не беше можно. Сега го поддржуваме португалското претседателство да го стори тоа. Не само што тоа го сметаме за логично, туку и за неопходно, не само од аспект на довербата на граѓаните во с. Македонија, туку и поради интересот на ЕУ, колку е можно побрзо да ја одржиме меѓувладината конференција“, рече Мас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This