дома КОВИД-19 (Коронавирус) Гeрмaнски инфeктoлог сoветувa: Вaкциниpaните намeрно да се зaрaзат со кoрoнaвирyс со цел...

Гeрмaнски инфeктoлог сoветувa: Вaкциниpaните намeрно да се зaрaзат со кoрoнaвирyс со цел да се поcтигне имyнизaција

Реномираниот германски инфектолог Кристијан Дростен препорачува вакцинираните да се заразат со корона вирус, со цел подолго време да бидат заштитени од ковид-19.

Тој преку подкаст објави дека на ваков начин вакцинираните кои намерно се инфицираат со корона вирусот можат да создадат високо ниво на антитела. Дростен, исто така, го искажа своето сомневање дека само вакцината е доволна за имунитет со кој ќе се надмине пандемијата.

Според неговите зборови залудно се мислело дека есента ќе биде безбедна.

На основа на актуелната состојба, докторот укажува дека вакцините штитат од тешки облици на болеста, но не и од самото заразување.

Според Дростен пандемијата единствено може да се победи со вакцина и инфекција по имунизацијата. Истовремено апелираше вакцинираните да се придржуваат до лекарсите совети и мерките на надлежните со цел да ги заштитат своите невакцинирани сограѓани.