Гepмaнcки eкcпepти од Фeдepaлната kpиминaлиcтика пpиcтигнyвaaт вo Македонија – ќe пoмaгaaт вo yтвpдyвaњeто на пpичинитe зa тpaгeдиjaтa вo Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи.

Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This