дома Свет Гoдинашниoв jyни нa Hoв Зeлaнд бил нajтoплиoт вo иcтopиjaтa

Гoдинашниoв jyни нa Hoв Зeлaнд бил нajтoплиoт вo иcтopиjaтa

Во Нов Зеланд јуни годинава беше најтоплиот од почетокот на мерењето на температурата во земјата пред 110 години.

Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата, просечната температура во јуни беше за два степени Целзиусови повисока од вообичаената, а 24 локации низ целата земја забележале рекордно високи температури.

Просечната температура во јуни била 10,6 степени Целзиусови, што е за два степени потопло од 30-годишниот просек за јуни и за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд од 2003 и 2014 година. Поради тоа овој јуни во Нов Зеланд беше најтопол откако Институтот започна со мерење на температурите во 1909 година.

Голем број фактори доведоа до новиот рекорд, вклучително и честите ветрови кои доаѓаат од потоплиот север, како и невообичаено високите температури на водата во океаните – изјави климатскиот експерт Грегор Макара.

Според него, просечната температура на Нов Зеланд е зголемена за околу еден степен во изминатите 100 години. Тој смета дека може да се очекуваат подоцнежни и поблаги зими доколку тој тренд продолжи.