дома Свет Гoлeмa пpoмeнa вo HATO пpeд caмитoт

Гoлeмa пpoмeнa вo HATO пpeд caмитoт

Лидерите на НАТО денеска ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност, односно член 5 од основачкиот договор на НАТО „сите за еден, еден за сите“, така што членките на Алијансата се подготвени да одговорат на вселенските напади, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Членот 5 од основачкиот договор на НАТО вели дека напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите нив.

Досега, тоа се применуваше само на повеќе традиционални воени напади на копно, море или во воздух, а неодамна и во сајбер-просторот, пренесува агенцијата АП.

На овој самит ќе разјасниме дека, се разбира, секој напад врз вселенските можности, како што се сателити и слично, или вселенски напади, може да предизвика член 5“, рече Столтенберг, неколку часа пред да претседава со Самитот со американскиот претседател eо Бајден и неговите колеги.

Скоро 2.000 сателити кружат околу Земјата, а повеќе од половина управуваат од членките на НАТО, опфаќајќи скоро сè – од мобилни телефони и банкарски услуги до временски прогнози.

Воените команданти се потпираат на некои од нив за навигација, комуникација и размена на разузнавачки информации.

Во декември 2019 година, лидерите на НАТО го прогласија просторот за петти домен на операциите на Алијансата, по копно, море, воздух и сајбер простор.

Многу земји-членки се загрижени за, како што велат, сè поагресивното однесување на Кина и Русија во вселената, пренесува АП.

Околу 80 земји имаат сателити, а се повеќе приватни компании се појавуваат на тоа поле. Во осумдесеттите години од минатиот век, само дел од комуникациите на НАТО се одвиваа преку сателит, а денес тие се најмалку 40 проценти.

Клаузулата за колективна одбрана на НАТО беше активирана само еднаш, кога членките се собраа зад Соединетите држави по нападите на 11 септември 2001 година.