дома Хроника Гoлeмa тpaгeдиja нa пaтoт Струга-Охрид: Живoтoт гo зaгyби мaлoлeтeн вeлocипeдиcт..

Гoлeмa тpaгeдиja нa пaтoт Струга-Охрид: Живoтoт гo зaгyби мaлoлeтeн вeлocипeдиcт..

Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера во 11 часот се случи на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу с.Подмоље и Авто камп.

Автомобил „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од К.Р.(21) од Струга удрил во 17 годишен велосипедист од с.Ливада, струшко.

-Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди, истакнуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид.