дома Хроника Гoлeмa akциja вo Охрид: Oгpoмнa koличинa дpoгa пpoнajдeнa кaj гpaдcкитe гpoбиштa

Гoлeмa akциja вo Охрид: Oгpoмнa koличинa дpoгa пpoнajдeнa кaj гpaдcкитe гpoбиштa

Полицијата денеска заплени огромна количина дрога, над 100 килограми марихуана кај градските гробишта во Охрид, дознава Канал 5.

Уапсен е државјанин на Турција, кој сакал да ја транспортира дрогата со возило Цитроен. Од МВР потврдуваат дека заплениле голема количина дрога, но детали најавуваат за утре, по завршување на мерењето на дрогата.

Последниве два месеци сме сведоци на постојано апсење на дилери и заплени на дрога од полицијата, која очигледно тргна во сериозна пресметка со нарко дилерите.