дома Македонија Гoцe „Вегета“ е лицeтo кaj кoe e пpoнajдeнa дpoгa

Гoцe „Вегета“ е лицeтo кaj кoe e пpoнajдeнa дpoгa

Гоце Цветковски од охридско Подмоље познат како Гоце Вегета пред три дена СВР Охрид поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.

Во стан во кој престојувал му биле најдени две зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис. Пријавата е поднесена на 2-ри ноември, но претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник.

Објаснувањето е дека полицијата го истражувала случајот за да ја состави пријавата.