дома Македонија Гopи мотел спроти бензиската пумпа „Дреново“

Гopи мотел спроти бензиската пумпа „Дреново“

Пожар е активен во моментов кај мотелот наспроти бензинската станица „Дреново“ на патот Градско-Прилеп, каде гори сува трева и нискостеблеста шума, а пламенот се заканува на блиските лозја.

Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Оттаму дополнија дека на терен се петмина пожарникари со две противпожарни возила.