Гpaдeжниoт инжинep Бajpaми: Ceкoj oбјeкт тpeбa дa издpжи пoжap нajмaлкy пoлoвинa чac

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во случајот со тетовската модуларна болница, не е битен изворот на пожарот, туку дали објектот бил изграден замајки ги во предвид барањата за заштита од пожар предвидени и со закон, според кои тој во целина требало да биде отпорен на пожар најмалку 30 минути, вели за Фокус градежниот инжинер Неџат Бајрами.

Според него, тоа време е потребно за евакуација на пациенти, кадар и евентуално опрема. Исто така, додава тој, мора да се обезбеди дека објектот нема да се сруши за минимално време проектирано на отпорност од пожар.

Пожарот можел да биде предизвикан и од пироман, меѓутоа објектот во целина треба да стои и пожарот да не се прошири за времето димензионирано на отпорност од пожар. И, да не изостави фактот дека воопшто немало инсталирано никаков систем за алармирање во случај на пожар – smoke-detector, ниту пак fire sprinkler system – посочува Бајрами, врз основа на постоечката легислатива во земјава, но и врз база на лично искуство при изградба на камп за бегалци во Германија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This