Гpeнел „пaтocиpaше“ косовска политичарка откако таа се навреди поради честитката за Видовдан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некогашмиот специјален пратеник на Белата куќа за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел вчера на Твитер на Србите им го честиташе Видовден, еден од најголемите српски празници.

Денеска им оддаваме почит на хероите. На денешен ден во 1389 година започна битката против Османлиите на Косово. Денеска е спомен на Светиот кнез Лазар и српските свети маченици – напиша Гренел на Твитер.

Ваквата честитка на гренел предизвика лавина реакции од политичарите на Косово, кои се обидоа да му посочат на Гренел дека е во заблуда и дека презентира свое видување на историјата.

Најупорна меѓу нив беше токму Вљора Читаку која тврдеше дека во 1389 година се водела балканска војна. Таа не му остана должна и на социјалните мрежи го прозва поради неговото видување на историјата.

Не српска, туку балканска војска се бореше против османлиското освојување. Оваа битка стана основен мит кој продолжува да го храни српскиот национализам од 19. век, држејќи не сите нас за заложници – напиша Читаку.

Од своја страна ниту Гренел не и остана должен за таквата реакција, па дури и порача дека „премногу се навредува“.

Веројатно е исцрпувачки кога во се се наоѓа огорченост. Луѓето сакаат работа и решенија – подајте им рака – и одговори Гренел на Вљора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This