дома Политика ГPOМ пoдгoтвeн зa лoкaлните избopи – Крсте Петревски избpaн зa шeф на...

ГPOМ пoдгoтвeн зa лoкaлните избopи – Крсте Петревски избpaн зa шeф на ЦИШ

Извршниот Одбор на партијата го констатираше составот на Централниот Изборен Штаб за претстојните Локални Избори 2021 година.

За шеф на Изборниот Штаб е избран Генералниот Секретар, Крсте Петревски, а за заменик е избран Александар Трајановски, Претседател на Градската Организација на Скопје.

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во Општина Карпош со Претседателот на партијатија Стевчо Јакимовски како кандидат за градоначалник, додека во другите општини низ земјата ќе настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

ГРОМ е целосно подготвен за претстојните локални избори, изборната програма за Општина Капрош е веќе готова, пред карпошани ќе излеземе да ја бараме довербата со квалитетни решенија за нивните проблеми.