дома Македонија Гpyби доби шyт кapта: Бучковски му paпopтираше на Axмети

Гpyби доби шyт кapта: Бучковски му paпopтираше на Axмети

Како што соопштија од ДУИ на состанокот меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и владиниот специјален претставник за Бугарија Владо Бучковски се разговарало за спроведување на Договорот за добрососедство, за актуелните позиции на двете страни и за најдобрите начини за надминување на спорот.

Домаќин на средбата според соопштението бил лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети кој иако не е член на владата си одржува состаноци таму и тоа во канцеларијата на вицепремиерот Артан Груби.

Груби кој кога е со Ахмети најчесто преведува овој пат бил замолен да излезе од својата канцеларија затоа што неговот партиски шеф и потстанар во неговиот кабинет со Бучковски се разбрал на македонски јазик.

Зошто Груби бил натеран да го напушти својот кабинет и што од него криеле Ахмети и Бучковски кој гордо позира и пред албанското знаме, останува тајна.

Кој на човек што нема формална врска со владата му дозволил да врши партиски работи допрва ќе испитува вицепремиерот Љупчо Николовски кој е одговорен за етиката на владините функционери.

Средбата на Ахмети следува по другиот голем скандал во кој партиската коалиција Можеме ја користела салата на владата за да договараа идни политички и партиски чекори.