дома Македонија Гpyби: За шест дена може да го peшиме пpoблемот со Бугарија

Гpyби: За шест дена може да го peшиме пpoблемот со Бугарија

Вицепремиерот Артан Груби во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека не е разорачан што Македонија повторно не доби датум за преговори со ЕУ.

-Воопшто не сум разочаран, зашто европскиот пат нема алтернатива. Затоа ќе продолжиме. Беа охрабрувачки пораките од новата влада на Бугарија. Бугарија 8 месеци немаше политичка влада. Ги подгревавме очекувањата, и сметам дека немаме потфрлување. Ги видовте ставовите на бугарската влада за планот со шест месеци. Ние мислиме дека не се потребни шест месеци, туку шест дена, да седнеме да ги решиме прашањата и да почнеме преговори, смета Груби.