дома Актуелно Давидовиќ за „Плацевите на Водно“:Се работи за монтиpaн cyдски предмет, нема ниту...

Давидовиќ за „Плацевите на Водно“:Се работи за монтиpaн cyдски предмет, нема ниту еден материјален дokaз

Адвокатот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Ѕвонко Давидовиќ по првото рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ истакна дека се работи за монтиран судски предмет во кој не постои ниту еден материјален доказ кој посочува на обвинителниот акт кој е подигнат.

Тој потенцира дека ако нема кривично дело од кое потекнуваат парите не може да има ниту кривично дело со кое ќе овозможите перење на пари.

-Се работи за монтиран судски предмет бидејќи не постои ниту еден материјален доказ кој го оправдува обвинителниот акт koj e подигнат. Ако немате кривично дело oд кое се создадени парите со кривичното дело со кое ќе овозможите перење на пари, односно да помогнете, а такво кривично дело нема, тоа постојано беше укажувано од моите колеги и не може да биде опстои ваков обвинителен акт. Жално е што се продолжува праксата на подигнување на вакви обвиненија само за да бидат подигнати и да се предизвика во јавноста чувство дека се работи нешто, а без притоа аргументирано и со материјални докази да се докаже вината на обвинетите, вели Давидовиќ.

Адвокатот на Орце Камчев, Еленко Миланов истакна дека сите средства кои се уплатени за откуп на удели имаат легално потекнуваат од приходите на компанијата Орка Холдинг.

-Сите средства кои се уплатени за откуп на овие удели кои ги сметаат за спорни и на тој начин прибавување на одредена сопственост на правно лице се од тековно работење на Орка Холдинг. Тие средства од тековната сметка се префрлени преку Стопанска банка и исплатен е уделот на Сирах Инжењеринг Скопје. Со самото тоа што станува збор за средтва од тековно работење за што има вештачење кое утврдува колкави се приходите дека овие средства произлегуваат исклучиво од приходите на друштвото со самото тоа не можеме да зборуваме за било какво перење пари или знаење или сознание можност да има сознание дека потекнува било што од било какво казниво дело, вели Миланов.