дома Сцена ДАЛЕКУ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА: Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добија...

ДАЛЕКУ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА: Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добија своето трето дете

Некогашната тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас го добија своето трето дете.

 

 

 

 

Ваквата информација ја потврдил братот на Енрике, Хулио Иглесијас Јуниор во една емисија на радио станицата “ADN”.

“Веќе станав чичко”, рекол Хулио, а на прашањето на водителот дали бебето е родено, Иглесијас одговорил кратко со “да”. Меѓутоа, братот на Енрике не сакал да го открие полот на детето.

 

 

 

 

“Тоа е тајна. Мојот брат сега има три деца и е многу среќен”, изјавил Хулио и тоа било сè што открил помалиот брат за приновата која била одлично криена од очите на јавноста.

Тоа што се мистериозни кога е третото дете во прашање не треба да нè чуди бидејќи Ана и Енрике ја открија првата бременост со близнаците дури неколку дена откако се породи оваа некогашна спортистка.