дома Политика ДАЛИ АХМЕТИ ЈА ЧЕКА ПРЕСУДАТА ОД ВАШИНГТОН: 7-ми март ќе биде донесена...

ДАЛИ АХМЕТИ ЈА ЧЕКА ПРЕСУДАТА ОД ВАШИНГТОН: 7-ми март ќе биде донесена пресудата за случајот Маџар Телеком

Дали лидерот на ДУИ Али Ахмети ја чека пресудата од Вашингтон за случајот Маџар Телеком за да излезе со конечна одлука за разврската на постизборната драма во Македонија? Ова прашање се погласно се поставува во јавноста откако ДУИ повеќе од два месеци демонстрира невидена нерешителност во изборот на идниот коалиционен партнер.

Според информациите пресудата треба да биде соопштена на 7-ми идниот месец.

ДУИ не успеа да се договори со ВМРО-ДПМНЕ за формирање на мнозинство во Собранието а се уште нема договор ниту со СДСМ. Од Мала Речица велат дека нема потреба од брзање видејќи станува збор за многу важна одлука.

Останува дилемата дали навистина станува збор за длабока анализа на состојбите или пак навистина се чека пресудата од Вашингтон