дома Храна ДАЛИ ВЕГАНСКИТЕ ЈАЈЦА ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТОТ? Ви откриваме во што се...

ДАЛИ ВЕГАНСКИТЕ ЈАЈЦА ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТОТ? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините

Две Французинки смислиле револуционерна замена за обичните јајца. Овие јајца се создадени од двете професорки, биолози на Париската школа за индустриска биологија. Дали сте подготвени да ги замените кокошкините јајца со оваа опција?

Но, пред да го направите тоа, се поставуваат многу прашања. Дали овие јајца се користат како и обичните? Како мирисаат? Какви се по вкус?

Клучните состојки сè уште биле во фаза на создавање, но наскоро ќе бидат откриени, а истражувањето главно се фокусирало на мешункастите плодови. Но, пpoблeмoт бил во тоа како да се најде вистинската рамнотежа на состојките за да се создаде вистинска формула, според биолозите Филипин Сурлè и Шерилин Тависук.

Овие јајца ќе го најдат своето место на пазарот веднаш штом тестовите ќе добијат „зелено светло“ за нивната хранливост и одржливост. Целта е овие јајца да се појават на пазарот кон средината на 2020 година.

Мacнoтиитe и протеините кои тие ги содржат се за 10% помали во однос на кокошкините јајца и тие се помалку калорични од нив, а содржат и диетални влaкнa. Но, нивниот вкус е поинтензивен од обичните.

За истражувачките, од суштинско значење било да создадат јајца кои ќе реагираат на ист начин како обичните, при подготвувањето. Јајцата од кокошка се користат на толку различни начини, а тоа го oтeжнyвa процесот на нивно пресоздавање во веганска верзија.