дома Земјоделство ДАЛИ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО СТАНА РИБАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ : За една година...

ДАЛИ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО СТАНА РИБАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ : За една година директорување на Шапуриќ, повеќе од половина од вкупно изречените глоби за рибарство!

Дали државниот инспекторат за земјоделие по доаѓањето на Зоран Шапуриќ како директор на истиот се претвори во рибарско здружение?

Од објавата во еден електонски медиум чија цел била да го воздигне четвртиот директор на ДИЗ за тригодишното владеење на Зоран Заев, всушност јавноста го препозна сосем спротивното, т.е. истата целосно го разобличи целокупното погрешно работењето на Шапуриќ и неговиот тим.

 

 

За една година директорување на Шапуриќ во ДИЗ, инспекторатот кој опфаќа контроли на целокупниот увоз и извоз на земјоделски производи, контрола на тутун и тутунски производи, увозот, извозот и производство на вина и секаков вид пијалоци, потоа ги контролира сите откупни пунктови, земјоделски аптеки, контрола на целокупното државно земјоделско земјиште и на крај најважното, врши контрола на концесионерите на водените акумулации, истиот тој инспекторат изрекол 288 парични казни вкупно по сите основи.

Насловот на текстов не би бил тој што е доколку над 150, или повеќе од половината изречени казни не се за рибарството.

Замислете, инспекторатот кој по обем е еден од најголемите во државата и под своја капа има огромен спектар на контрола, во годината на директорувањето на Шапуриќ очигледно се заиграл по езерата во Република Македонија. Овој податок е смешен до граница на запрепастување, но не е ни малку чуден и неочекуван ако се знае дека главен кадровик и двигател на сиот работен процес и десна рака на Шапуриќ е Силвана Трбогазова, вработена која е сеуште без решен работен статус.

Дали Шапуриќ е голем љубител на добро подготвена риба на жар е причината за ова фијаско на оваа институција или е нешто друго, останува времето да покаже.