дома Македонија ДАЛИ И КОИ ПАРТИИ ЌЕ ЈА СТАВАТ ДОДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО: СДСМ...

ДАЛИ И КОИ ПАРТИИ ЌЕ ЈА СТАВАТ ДОДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО: СДСМ веднаш најавија дека ќе го менува името на партијата

Од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, повторија дека за нив е неприфатлив договорот од Преспа и затоа нема да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од неговата имплементација.

„Договорот е капитулантски, противуставен и како таков не предизвикува правни последици и во таа насока нема да го почитуваме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Смена во името не планира ниту коалициониот партнер во владата, партијата ДОМ.Почесната претседателка Лилјана Поповска смета дека Преспанскиот договор не ја ограничува употребата на зборот „Македонија“

Социјалдемократите пак најавиа дека ќе се менува името на партијата.Според изјавата на лидерот Заев дадена неодамна, постојат неколку решенија.

Од Либералната партија на Македонија пак велат дека тие веќе неколку години ја користат статурарно предвидената скратеница ЛП но во официјалното се уште го имаат зборот Македонија.

„Засега ова прашање не сме го разгледувале, ниту сме биле насочени на такво нешто од институциите“, велат од Либералната партија на Македонија.

Неодамна од Владата излегоа со список на 136 институции кај кои се менува името согласно примената на Преспанскиот договор.Засега без решение останува единствено Македонската академија на науките и уметностите.

Превземено од Сител мк