Дали сопруг на судија од Апелацискиот суд во Скопје е вмешан заташкување на акција на ДЕА во која беа фатени 1.200 килограми дрога?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Молк и по еден месец откако во акција на ДЕА на автопатот Куманово-Скопје беа запленети преку 1.000 килограми перкусори за производство на амфетамини, сокриени во комбе кое требало да превезува делови за мобилни телефони.

Нешто повеќе од 1.200 килограми, или еден тон и 200 килограми ефедрин, прекурсор за производство на метамфетамин на 5.ноември биле фатени на патниот правец од скопскиот аеродром кон Куманово од страна на екипа на специјалната единица „Тигар“.

Ефедринот во Македонија влегол со карго-авион, а според царинската декларација бил прикриен како електроника – делови за мобилни телефони на име на една позната скопска мобилара.

Царинските службеници, кои се осомнинчени дека биле дел од овој шверц ја пропуштиле пратката без да ја проверат, туку само ги потпишале документите. Неофицијално, задолжениот цариник бил и близок до висок функционер во актуелната влада на Р.Македонија.

Еден месец потоа, ниту МВР ниту Обвинителството немаат информации ниту пак македонската јавност е запознаена дали за овој случај се води истрага.

Дрогата, односно прекурсорите за производство на дрога пристигнале со карго-авион од Дубаи со крајна дестинација Скопје. Согласно товарниот лист и царинската декларација е означена како телефонска галантерија, а краен увозник во Р.Македонија е токму оваа позната скопска мобилара.

Ако се следи правилникот за царинско работење, тогаш пратката требало да биде прегледана од страна на царинските службеници Аљбон (Н.Н) и Д.Ш. Ниту еден од двајцата царински службеници не го сториле тоа.

Откако биле истоварени од авион, супстанците биле натоварени во неколку комбиња, кои со царинска придружба и вклучени ротациони светла за предупредување била транспортирана од Скопскиот Аеродром до Скопје. Некаде на половина пат, конвојот возила во кој се превезувале прекурсорите бил запрен од специјални полициски сили придржувани од претставници на американската ДЕА по што била извршена проверка и констатирано дека во возилата се пренесува недозволена стока, а затекнатите 1.200 килограми ефедрин биле запленети.

Заедно со прекурсорите за производство на амфетамин, запленети биле и два мобилни телефони, меѓу кои и телефонот на царинската службеничка Д.Ш. која пак пред полицијата дала и изјава дека за да ја пропушти праката без проверка добила усмена наредба од нејзината претпоставена, шефица на царинската испостава на Скопскиот аеродром А.И.М.

Ваквата изјава го вклучила алармот во структурите на власта, кои според информациите на Инфомакс знаеле за ваквата трговија, за веднаш наредниот ден, според наши извори помошник-директорот на Царинската управа во Секторот за контрола и истраги Игор Милев – инаку сопруг на апелациската судијка Тања Милева, да организира состанок со уште двајца помошници од управата. Веднаш по овој состанок, на 8.ноември царинската службеничка Д.Ш. го сменила првичниот исказ во полиција, овој пат велејќи дека никој не и дал усмена наредба да не ја проверува пратката од Дубаи која пристигнала на 5.ноември.

Инаку, шефицата на царинската испостава на Скопскиот аеродром А.И.М во 2018 година била дел од друг цариннски скандал при вршење на увид на увоз нна брендирана стока од странство и тоа од страна на Бојан Јовановски алијас. Боки 13. Тогаш, А.И.М. до помошник директорот на Секторот за правни работи во Царинската управа составила барање за ослободување на 18 парчиња брендирана роба кои во земјава ги увезол Боки 13, а кои царината ги запленила.

A.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This