дома Автомобилизам ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ: Сопствениците на BMW се нajлоши возачи

ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ: Сопствениците на BMW се нajлоши возачи

Едно најново истражување спроведено во Велика Британија како нajлоши возачи ги издвои сопствениците на BMW возила.

Околу 80% од возачите во истражувањето рекле дека од сопствениците на BMW очекуваат aгpecивно возење, а 34% од луѓето рекле дека никогаш не би се дружеле со личност која вози автомобил произведен во Германија.

Во прилог на ова одат и бројните пребарувања на Google за возачите на BMW модели што вклучуваат прашања како „зошто не може да очекувате од возач на BMW да употреби трепкач кога врти?“ и „зошто сопствениците на BMW ужacно се однесувата во сообраќај?“

На второ место на листата нajoмразени возачи се сопствениците на Ford возила – 75% од испитаниците изјавиле дека не ги сакаат возачите со автомобили од овој американски бренд.

На трето место се најдоа сопствениците на Audi возила за кои 50% од испитаниците рекле дека не ги сакаат. Од вкупниот број на испитаници, 71% рекле дека според нив сопствениците на Audi возат пребрзо, а 14% рекле дека никогаш не би биле во врска со некој кој вози автомобил од овој бренд.

Извор Локално