ДАЛИ СТРУМИЧКИ ИНСПЕКТОР СЕ ОДНЕСУВА КАКО ШЕРИФ : Службено возило во ДИЗ Струмица се злоупотребува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали во Државниот Инспекторат за земјоделие возилата се користат онака како што не треба, т.е. спротивно на законските регулативи.

Имено, деновиве до нашата редакција пристигнаа безброј слики и видеа од загрижени граѓани за една од многуте такви. Се работи за службеното ново возило на ДИЗ Струмица, кое возило го има задолжено инспекторот Мијалчо Ласков. Истото возило од минатата зима откога е набавено постојано е кај Мијалчо и истото се користи повеќе за приватни отколку за службени потреби.

Сликите и видеата кои ни се пратени датираат од месец октомври 2019 до вчерашниот ден, а се направени пред домот на инспекторот во Струмица каде возилото се наоѓа секоја вечер безмалку цела година, т.е. откога возилото е набавено, а ние во постов ќе објавиме само дел од нив. Како што не известија граѓаните кои живеат во близина на домот на инспекторот, тој истото возило меѓудругото си го користел и за одење на излетничкото место Суви Лаки, Беровско каде има викендица и истиот со него превезувал најразлични работи за што исто така кажаа дека имаат докази.

Од она што дополнително го добивме како податок за инспекторот Мијалчо Ласков е тоа што тој истиот во моментот е десна рака на Зоран Шапуриќ и човекот кој директно сега во предизборието ги дава усно наредбите која фирма, аптека или откупен пункт да се казни и уцени. За една ваква ситуација во која Мијалчо издал усни наредби при што се казнети одредени откупувачи со високи казни, но со тоа и прекршени кодексите на работење веќе се отворени предмети и се водат соодветни постапки кои за кратко време ќе бидат обелоденети.

Дали давањето на возилото да си го користи возилото е отплаќање на она што Мијалчо го одработува за власта. Меѓу другото, Мијалчо беше познат по случајот во кој истиот беше обвинет за службени злоупотреби поради кои со негова помош беа исплатени околу 500.000 евра пари на краварската фарма во Сушица, инаку фирма чиј сопственик е кумашинот на Зоран Заев по основ на штета од поплави.

По добиените информации, прочепкавме малку при што дојдовме до информации дека овие нови возила имаат ГПС уреди кои го следат постојаното нивно движење, а за истото во ДИЗ е задолжена Силвана Трбогазова, партиски војник кој е сеуште без решен статус таму, т.е. без соодветно решение, а сепак истата се однесува како шеф и е задолжена не само со ова, туку и со други сериозни работи.

Од она што е јавно познато, во ДИЗ постојат регулативи во кои многу јасно е опишан начинок како треба да се одвива користењето на службените возила и повеќе од очигледно е дека со овие докази користењето на возилото на овој начин е надвор од законските регулативи, а истите се само за на хартија.

Се поставува прашањето дали Зоран Шапуриќ ќе ги преземе активностите кои е должен согласно законот или пак истиот со непреземање на мерки ќе преземе дел од одговорноста и вината која несомнено постои.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This