дома Македонија Дали шарените ќе поднесат kpивична приjaва пpoтив Венко Филипче?

Дали шарените ќе поднесат kpивична приjaва пpoтив Венко Филипче?

Кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ заработи екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески во 2017-та година. Според пријавата која до прилепското Основно јавно обвинителство ја поднесе адвокатот Жарко Стеваноски, Ристески се сомничи дека како службено и одговорно лице во ЕЛС Општина Прилеп, спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локалната самоуправа и спротивно на чл.51 од Статутот на ЕЛС Општина Прилеп, иако бил должен, не обезбедил заштита на сопственоста на Општината.

Конкретно, градоначалникот не склучил полиса за осигурување од штета за 2016. година за зградата на ЕЛС Општина Прилеп, заради што штетата направена на општинската зграда за време на „Шарената револуција“ не може да се надомести ниту по основ на осигурување, ниту пак по основ на одговорност од трети лица.

За иронијата да биде уште поголема модуларните болници низ земјава не се осигурани од евентуален пожар, поплава или друг проблем.

Трагедијата во Тетово го отвори ова прашање – дали 19-тте монтажни објекти низ земјава за кои беа потрошени четири милиони евра за изградба и уште 600 илјади евра за опремување со пари од Светска банка, се осигурени во некоја осигурителна компанија?

Модуларната болница во рамки на Инфективната клиника во Скопје не е осигурана иако е пуштена во употреба пред повеќе од една година. Од клиниката за Алсат велат дека во тек бил тендер. Тоа досега тоа не било направено оти било поврзано со завршните сметки и морале да чекаат да заврши тековниот договор за осигурување. Ја опфаќал само зградата на Инфективната клиник

Марјан Ристески доби кривична пријава затоа што не ја заштитил општинската зграда од луѓето кои ја оштетија, се поставува прашањето дали шарените денес ќе поднесат кривична пријава против Венко Филипче затоа што не ја осигурал општинската зграда?

https://twitter.com/Kalabalak_/status/1438398797814583297