дома Социјални Мрежи ДАМОВСКИ СО ШЕГА НА СМЕТКА НА ПРЕМИЕРОТ: Баклавата е нема, тепсијата зборе

ДАМОВСКИ СО ШЕГА НА СМЕТКА НА ПРЕМИЕРОТ: Баклавата е нема, тепсијата зборе

Режисерот Борис Дамовски се придружи во „натпреварот“ со варијации на тема „баклава и тепсија“ по најновиот „бисер“ на премиерот Зоран Заев на трибината во Струмица во рамките на кампањата „На прав пат“.

„Баклавата е нема, тепсијата зборе“, двосмислено реагира на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на веќе антологискиот исказ на претседателот на Владата пред сограѓаните дека „баклавата е изедена, типсијата стоо (тепсијата стои)“.