дома Политика Данев до СДСМ: Зошто се носат ад хок решенија за минимална плата...

Данев до СДСМ: Зошто се носат ад хок решенија за минимална плата и за покачување на плати пред избори?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на собраниска седница посочи дека минималната плата не треба да се покачува во ек пред составување на техничка влада, и пред парламентарни избори.

Дефинираме или дефинирате минимална плата, јас би ве запрашал почитуван заменик министер, дали имаше за оваа дефиниција или износ на минималната плата стручна дебата? Дали се изјаснија стопанските комори? Дали се изјаснија луѓето кои што треба да ја земат таа минимална плата? Дали е доволна таа минимална плата? Дал исто размислувате и со министерката која вели за да се прехрани едно четиричлено семејство треба 17.000 денари? Е како тоа четиричлено семејство ќе се прехрани со 17.000 денари, запраша Данев.

Данев истакна дека според министерката Царовска што кажа за 17.000 денари, тоа значи дека огромен број граѓани и семејства ќе останат ненахранети.

Зошто се носат ад хок решенија за минимална плата и за покачување на плати пред избори? Еве ние сме на не знам 50-60 тина дена од техничка влада. Тогаш се дефинираат или се покачува минималната плата, тогаш се покачуваат пензиите, тогаш се зголемуваат платите итн. Зошто тоа не се прави системски? Со зголемување на трошоците за живот да се зголеми и минималната плата. Со зголемување на трошоците за живот да се зголеми и просечната плата, другите плати итн. Зошто ова мора да се прави пред избори? Или зошто овие работи мора да се прават популистички пред тешки политички одлуки? Дури и дискутабилни, додаде Данев.