На почетокот на 53. седница на Собранието на Република Македонија објавена е едночасовна пауза на барање од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев кој реагираше на дополнувањето на дневниот ред со измени на Изборниот законик.
-Во очи на формирање на ДИК, разгледување на Изборниот законик и на вака закажана седница на Собранието на РМ пред неколку дена, која беше закажана за денеска во 12 часот, во 12:38 доаѓа допис во кој се предлага промена или дополнување на дневниот ред и тоа ниту повеќе ниту помалку со измени на Изборниот закони. Никогаш во РМ не се менувал и не се носел Изборен зкаоник без консултации и поддршка од опозицијата, рече Данев, дополнувајќи дека тоа е жално за демократијата во РМ и за граѓаните кои веруваат во демократија и евроатлантските интеграции на државата.
Собранието треба да ја продолжи седицата во 14:20 часот.