дома Актуелно ДАНЕВ: Од утре па наредните денови Заев преку СЈО започнува дефокусирање на...

ДАНЕВ: Од утре па наредните денови Заев преку СЈО започнува дефокусирање на јавноста од формирањето на бандитската влада на СДС

Од утре па наредната недела, Зоран Заев преку СЈО ќе ја дефокусира јавноста од главната тема во државата, а тоа е формирањето на тиранско бандитската Влада на СДС и албанските партии, напиша вечерва на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

-Следната бандитска Влада нема да почива на ништо друго туку на лични интереси и интереси на надворешни центри кои ги споија да направат Влада за да остварат нивни цели поврзани со името, идентитет и уредувањето во земјата. Така следнава недела ќе ги гледаме обвинителките кои за три илјади евра месечно одбраа да бидат слуги на Заев и сценаристот и да работат против својот народ, напиша Данев.

Данев додава дека ова е прва тура која треба да го покрие периодот на договарање Влада.

-Какви не истраги и обвиненија ќе гледаме кога ќе треба да се гласа за законот за јазици и промена на името. Тогаш пола ВМРО и којзнае против кого се, кој ќе се спротивстави на сето тоа ќе има истраги и обвиненија. Обвинителките на бандитите се спремни на се за да трошат по три илјади евра месечно и да одат на приеми по амбасади. Ова за нив е бизнис, пишува Данев.