дома Занимливости Даниел Кајмакоски се врати во Австрија

Даниел Кајмакоски се врати во Австрија

Кога Даниел Кајмакоски пред неколку години се претстави на „Икс –Фактор“, тој беше целосно непознат за домашната публика, а со успехот и импресиите кои ги остави таму, дополнително ги освои симпатиите.

Откако стана татко и се реализираше во улогата на родител, Даниел музичката кариера ја стави во мирување, а иако обожавателите од него се во постојано исчекување на нова песна, Даниел очигледно се уште не ја избрал или создал вистинската нумера.

Познато е дека пред да стане познат Кајмакоски долги години живееше и работеше во Виена –Австрија, а сега преку социјалните мрежи откри дека повторно заминал таму.

На својот профил тој објави фотографија со австрискиот рапер Раф Камора, а обожавателите веднаш му продложија да сними дует со овој познат австриски музичар.

Кои му се плановите на Даниел и што повторно го врати во туѓина, останува да видиме.

Тој и во минатото го криеше својот приватен живот, па не зборуваше многу за својата љубов, па токму веста дека ќе се жени и ќе стане татко ги изненади многумина.

Синот на Кајмакоски во февруари ќе наполни две години, а се повеќе личи на неговата мајка односно сопругата на Даниел.

“Откако се роди Давид мојот живот доби комплетно нова димензија. Уживам во времето кое го минувам со него и максимално сум му посветен. Многу сме блиски и поврзани, се трудиме колку можеме почесто времето да го минуваме во природа, играме игри, сакам да има детство какво што сум имал и јас, без мобилни телефони и технологија”, вели Кајмакоски кој во септември ќе промовира нов проект.