дома Македонија Даниловски: Богатите земји си играат со оган ако „малите“ останат невакциниpaни

Даниловски: Богатите земји си играат со оган ако „малите“ останат невакциниpaни

„400 милиони вакцини се набавени за земјите од ЕУ. Не знам како ќе оди целата работа со вакцинирањето кај нас, нашите соседи започнаа со вакцинирање.

Откупено е производство на вакцини однапред. Ковакс како механизам беше формиран за да се надминат нееднаквостите. Големите земји прво си гледаат за себе, па ако остане нешто од вакцините и за помалите земји. Богативе кои можат да си дозволат да го откупат целото производство не мислат за другите, сите на ова парче планетарно сме дел од еден ист систем на затворени садови. Си играат со оган, ако малите земји останат невакцинирани, може тоа да е опасност и за нив, може вирусот потоа пак да се прошири и кај нив“ – вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски во Студио 10 на ТВ24.