Данска нajycпeшнa вo ЕУ вo вakциниpaњeтo нa нaceлeниeтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска е предводник во вакцинацијата против коронавирус благодарение на нивната брза и непречена дистрибуција, а доколку биле достапни повеќе дози, уште повеќе луѓе би биле вакцинирани, пренесува AFP.

Од почетокот на вакцинацијата на 27 декември, 2,2 милиони луѓе од 5,8 милиони жители се вакцинирани во Данска.

За разлика од другите земји кои издвојуваат половина од своите пратки за да можат пациентите да добијат втора доза, Данска ги искористила сите први дози на вакцината на Pfizer / BioNTech во првиот бран.

„Ставот на владата е дека штом вакцината ќе пристигне во Данска, истата мора да се искористи веднаш“, рече данската премиерка Мете Фредериксен.

Со одлична логистика и брзо спроведувани вакцинации во домовите за стари лица каде што се присутни скоро сите што сакале и ја примиле вакцината, Данска води во вакцинирањето на своето население во ЕУ и е далеку пред другите земји.

Данска, според податоците собрани од АФП, го вакцинира своето население три пати побрзо од европскиот просек.

Само во четвртокот, 129.170 лица се вакцинирани со првата доза.

„Вакцината се дистрибуира брзо и имаме многу добра ИТ инфраструктура што ни овозможува да го регистрираме секое лице кое прима вакцина“, рече Јенс Лундгрен, професор по заразни болести на Универзитетот во Копенхаген.

Со цел да им се даде првата доза на вакцината на што повеќе луѓе, Данска, како и некои други земји, дозволила втората доза на вакцинација да се одложи до шест недели, наместо препорачаните три недели.

СЗО ја одобрила одлуката, и покрај незадоволството на производителите.

Данска исто така од вчера започна да ја користи вакцината на Модерна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This