April 19, 2024, 12:01 am

Данскиот министер cмeтa дeкa Македонија е пoдгoтвeнa зa пpeгoвopи, нo бapa peшeниe нa cпopoт co Бугаpијa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска смета дека Република Македонија е подготвена да почне со преговори за членство во Европската Унија и за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека подоцна годинава или најрано можно ќе донесеме таква одлука и оти сите 27 земји членки на ЕУ ќе застанат зад неа, порача денеска во Скопје данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод кој претстојува во официјална посета на земјава.

Ние, додаде тој, цврсто застануваме зад Македонија и ги поддржуваме реформите што земјата ги презема изминатите години, но и претходно.

-Сметаме дека Македонија е подготвена да почне со преговори за членство и ние за тоа ќе се залагаме.  Се надевам дека разговорите меѓу Македонија и Бугарија ќе дадат резултат, но ние сме фокусирани врз европската интеграција и многу е важно да се сфати дека реформите и работата во правец на европска интеграција треба да продолжат. Секако сметаме дека треба да почнат преговорите за членство на Македонија. За нас е многу јасно дека сте подготвени за членство. Се надевам дека подоцна оваа година или што е најрано можно ќе донесеме одлука и се надевам дека сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија ќе застанат зад таквата одлука, порача министерот Кофод во одговор на новинарско прашање по средбата со неговиот колега министерот Бујар Османи.

Тема на денешната средба меѓу двајцата министри било европското досие на Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан, а станало збор и за актуелните теми во меѓународните односи и безбедноста, пред се состојбите во Авганистан и ангажманите на државите за помагање и згрижување на цивилното население. Двајцата соговорници разговараат и за билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план и можноста за нејзино унапредување.

Македонија е првата земја од регионот што Кофод ја посетува, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This