дома Македонија ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО 2020та, ПРЕГОВОРИТЕ ЌЕ ТРААТ ДЕВЕТ ГОДИНИ: А влез...

ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО 2020та, ПРЕГОВОРИТЕ ЌЕ ТРААТ ДЕВЕТ ГОДИНИ: А влез кога?

ТВ21 од свои извори дознава дека пратеник од фракцијата на ЦДУ, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека Германија ќе ја поддржи Македонија за членство во ЕУ, но рекол дека е пECимист дека земјава ќе добие датум за почеток на преговорите.

Тој ова го изјави непосредно пред посетата на Никола Димитров на Берлин.

„МНР Димитров утре доаѓа во Берлин, Германија ќе даде поддршка за ЕУ, но Одлука за Датум за преговори во Јуни нема да има, бидејќи Европа има многу побитни теми. Можеби во Октомври Советот на ЕУ да донесе таква одлука за датум, доколку ги убедите Франција и Холандија, но тој датум би паднал во календарот на 2020 година, и првата меѓувладина конференција со ЕУ би се одржала за време на претседавањето на Хрватска со ЕУ. Преговорите за членство би траеле околу 9 години”, вели германски пратеник од Бундестагот.