дома Балкан ДАЧИЌ СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ ТАТКО СО СОЛЗИ: „Држев толку говори во...

ДАЧИЌ СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ ТАТКО СО СОЛЗИ: „Држев толку говори во животот, овој е најтежок”

Десимир Дачиќ, таткото на Ивица Дачиќ, почина завчера, а вчера беше погребан во Белград.

– Драг Десимир, сум држел толку говори во животот, но овој ми е најтежок. Драг човек, супер татко и сопруг, најмил дедо во нашето семејство, сакам да се простам со тебе. Од смртта најмалку се плаши оној чиј што живот има најголема вредност. Се трудевме тој со нас да се гордее, беа зборовите со кои се прости министерот з анадворешни работи на Србија од татка си со солзи.