дома Балкан ДАЧИЌ СО НАВРЕДИ ДО МАКЕДОНИЈА: Македонците биле лицемери, ја отвориле Пандорината кутија...

ДАЧИЌ СО НАВРЕДИ ДО МАКЕДОНИЈА: Македонците биле лицемери, ја отвориле Пандорината кутија па сега кога мечката играла во нашиот двор сме негирале!

„Тие лицемери, кои тврдат дека денес не може да има промени на границите, треба да се засрамат“ – тоа го изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српските власти објаснуваат дека, поделбата на границите на Косово е најдобриот начин за решавање на отвореното прашање со Косово. Во моментот Србија преговара за признавањето на статусот на Косово.

„Некои тврдат дека неможе да има промена на границите, а имено тие ја разрушија нашата граница. Тие ја отворија Пандорината кутија. Истото важи и за Македонија. Таму го признаа Косово, а кога мечката заигра во нивниот двор, започнаа да тврдат, дека не може да има промена на граници. Некои помогнаа Косово да добие независност. Сега тврдат дека неможе да има промена на границите.“ вели Дачиќ.

Тој потсетува, дека нема држава, која повеќе се заложува за српските интереси од Русија. Според него, решение може да се постигне само со нејзина согласност.