Даштевски: Избopитe пoминaa миpнo во демократcкa и феp атмocфepа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметам дека вчерашниот изборен ден помина мирно во демократска и фер атмосфера каде што беше слободно изразена волјата на секој гласач, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Тој им се заблагодари на сите граѓани за, како што рече, високото ниво на демократска свесност која ја покажале вчера, но и на сите изборни органи за професионално работење и почитување на Изборниот законик, на медиумите за професионалниот однос и известување за изборите, на учесниците во изборите и кандидатите за креирањето на поле за фер натпревар на домашните и меѓународните набљудувачи за придонесот на демократскиот амбиент во кој се одвиваа изборите и за почитувањето на кодексот за набљудување.  

–Изборите беа поразлични од сите претходни бидејќи пред сите нас имаше поинаква задача, успешно воведување на технологија за биометриска идентификација на гласачите. ДИК и сите чинители беа исправен пред голем предизвик. Оваа законска обврска за воведување биометриска технологија за првпат претставуваше голема привилегија, но и голема одговорност. Употреба на биометриските системи во изборните процеси овозможува да се пресретнат предизвиците вклучени во спроведување на принципот еден гласач еден глас, што е неопходно за одржување демократски, фер и транспарентни избори, рече Даштевски на прес-конференцијата на која ДИК треба да ги соопшти првичните официјални резултати од изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This