дома Македонија Даштевски пoбapa oд кaндидaтитe зa лoкaлнитe дa гo пoчитyвaaт Koдeкcoт зa дeмoкpaтcки...

Даштевски пoбapa oд кaндидaтитe зa лoкaлнитe дa гo пoчитyвaaт Koдeкcoт зa дeмoкpaтcки избopи

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Дашковски, беше присутен на потпишувањето на Кодекс за фер и демократски избори.

Тој имаше и свое обраќање, на кој посочи дека чинот на потпишување е и одговорност за применување на кодексот за применување на принципите на демократијата. Даштевски посочи дека учесниците на изборите го поставуваат фундаментот на демократијата.

„Гласањето мора да биде тајно, засновано на еднакво право на глас. Да има вистина можност за остварување на ова право, без дискриминација. Мора да има здрава права рамка и непристрасна администрација за спроведување на изборите. На политичките натпреварувачи мора да им се даде фер шанса да стигнат до гласачите и да ја побараат поддршката. Медиумите треба да бидат слободни да собираат информации од политичка важност. Должни се да ги покриваат сите учесници. Граѓанските организации треба да бидат способни да учествуваат во изборниот процес“, рече Даштевски.