дома Македонија Даштевски: Пpигoвopитe нa пapтиитe нe бea дoвoлни, зaceгa нeмa дa имa пpeглacyвaњe

Даштевски: Пpигoвopитe нa пapтиитe нe бea дoвoлни, зaceгa нeмa дa имa пpeглacyвaњe

Формално правно мораме да ги запазиме процедурите. Треба прво да се внесе забелешката во дневникот на денот на гласање, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски во гостувањето на утринската емисија на ТВ Канал 5, зборувајќи за приговорите од партиите за првиот изборен круг.

Според него, после тоа врз основа на таа забелешка се внесува во записникот број 16.

-Доколку тоа не биде доволно, во рок од 5 часа треба да се поднесе забелешка во ОИК. Такви работи немаше во ниеден приговор. Тоа се основите по кои ние одлучуваме. Треба да има и некој доказ, за што се однесува забелешката. Засега нема да има прегласување на изборите, во ниту едно избирачко место, рече Даштевски.