дома Македонија ДА ГО ПОТСЕТИМЕ ОРЦЕ НА ФЕРМАНОТ: Не му кажал Орце на Кичеец,...

ДА ГО ПОТСЕТИМЕ ОРЦЕ НА ФЕРМАНОТ: Не му кажал Орце на Кичеец, туку Кичеец на Орце дека Боки знае за пријавата кај премиерот

Република Македонија веќе 30 години е заложник на политички и бизнис интереси кои во нашата држава се дрско испреплетени. Со години политичари ветуваат и бараат правда, а поучени од своите добри пријатели денес тоа го прават и бизнисмените како што е примерот со бизнисменот Орце Камчев кој по изјавата по второто судење за случајот „Рекет“ изрази надеж дека во Македонија конечно ќе пристигне правдата.

Но како очекува некој да пристигне правдата во Македонија кога вистината никако да излезе да виделина. Зошто вистината не излегува на виделина е пак друго прашање.

Причината е едноставна, опозицијата направи компарација на случајот рекет со октопод што не е погрешно, но впрочем се работи навистина за една криминална Империја во која 30 години тронот е ист, а само се менува царот кој седнува на него.

Денеска во судницата Орце Камчев повтори 99 проценти од својот првичен исказ кој го има дадено пред обвинителката Вилма Русковска, но тој 1 процент… ѓаволот сепак се крие во деталите!

-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Што значи дека откако Камчев имал средба со премиерот тој истакнал дека неговата комуникација со Јанева и Јовановски завршила, но не и комуникацијата со Зоран Милевски кој што веќе знаел дека рекетот е пријавен кај премиерот, а самиот Камчев наведува дека оној кој што го истастал е токму Зоран Заев.

Што се смени од мај кога Камчев го пријави рекетот до денес. Па најпрво поминаа повеќе од 6 месеци и доволно време за ситуацијата добро да се изменаџира, да има средби помеѓу Заев и Камчев, Заев и Јанева, Камчев и Јанева при кои ќе се договорат деталите за „сценскиот“ настап во Кривичен пред целата македонска јавност. Сега веќе е јасно зошто Јанева се гони само за земање на 5 илјади евра и е во домашен притвор, зошто и беше дозволено да оди на одмор во Грција во исто време кога и Заев беше на одмор исто така во Грција, јасно е зошто Зоран Милевски беше прв пуштен во домашен притвор и доби само три години затвор имајќи во предвид дека на самиот Камчев му се испушти дека станува збор за спогодба. Јасно е зошто само уште Бојан Јовановски е во ефективен притвор. Целиот случај нема да се накалеми на тројца туку на еден чинител, Боки 13 за кој Русковска сака да поверуваме дека сам изрекетирал 1 милион евра од најмоќниот човек во Македонија. Епа МАЛО СУТРА!

Ова му е јасно и на Бојан Јовановски па токму поради тоа тој се закани преку српските медиуми, поточно српски Курир дека ако нешто му се случи во затворот доказите против Заев се кај мајка му.

Токму поради оваа причина Боки 13 го наведе сведокот Камчев денеска во судот да го каже името на Венко Филипче бидејќи е повеќе од спремен да каже се и не е спремен целиот товар за случајот да го земе на свој грб, а тоа не треба и не смее да случи.

Па погледнете каква разлика има во она што на во мај го кажал Камчев пред Русковска и она што денеска го изјави по второто рочиште за „Рекет“.

-Ниеден исказ ја немам дадено дека Јовановски Боки дознал од премиерот. Мој исказ нема таков. Јас само откога го пријавив Боки со него ги прекинав сите комуникации. Апсолутно сите. Јас само му кажав на Зоран Милевски дека сум го информирал премиерот да му пренесе на Боки и дека што сака нека биде работава, нека се заврши, изјави Камчев денеска.

Не само што Камчев излажа за неговиот сомнеж дека Заев му кажал на Боки дека рекетот е пријавен, тој целосно го измеша текот на својата приказна споменувајќи го името на Зоран Милевски Кичеец. Во исказот тој вели дека Кичеец веќе знаел дека рекетот е пријавен кога го исконтактирал, а сега доби амнезија или амнестија како и да се викаше па сега тврди дека му кажал на Милевски да го информира Боки дека премиерот е известен, па што сака нека биде! АЈДЕ МАЈКАТА!

М.Милошевски