дома Политика ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО МИНАТОТО: Тоа нема да донесе 500 евра плата,...

ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО МИНАТОТО: Тоа нема да донесе 500 евра плата, почист воздух, тоа треба да го направи оваа влада!

Можеме да зборуваме за ланскиот снег колку сакаме, но тоа нема да ни донесе 500 евра плата, тоа нема да ни донесе реформи во „Кацарска судството“. Тоа нема да ја придвижи Македонија напред. Тоа нема да обезбеди повисоки пензии, почист воздух, посочи Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ при самото гостување на интервју на 1ТВ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ децидно објасни дека тој сака да ја види Македонија со вистински европски вредности, со вистинско реформирано судство. Македонија која што ќе биде просперитетна, која што ќе нуди можности за сите и тоа тој може да го оствари.