дома Спорт ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ: Момци одиграјте лавовски, за Македонија!

ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ: Момци одиграјте лавовски, за Македонија!

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот меч во Минхен, на патот до главната фаза на Светското првенство стои Исланд.
Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Последна и најважна битка во Минхен, што би рекле ние да се биде или не. Немаме право на грешки, падови, промашени зицери, како и сите оние мани кои во изминатите два натпревари, против Хрватска и Шпанија. Време е да се собереме, да се обединиме, најдоброто од нас да го извадиме на површина, оти враќање на назад нема.

Исланд е нашиот билет за пласман во главната рунда на Светското првенство. „Рибарите“ се како наша судбина, и пред две години во Мец на Мундијалот во Франција се сретнавме во последниот меч од групната фаза. Одигравме реми, кое за нас беше како победа.

Оттогаш се поминати две години, и затоа нема да се враќаме наназад, гледаме напред.

Немаме простор за калкулации, само победа ни ги отвара портите, сето останато како пораз или нерешен резултат за Македонија значи дека во „Ланксес Арена” во Келн ќе разигрува за пласман од 12. до 16. место.

Затоа како што рече селекторот и неговите момци денеска ќе биде финале за нас на Светското првенство.

„Треба да бидеме паметни, денеска ни следи финале и мора да бидеме спремни. Ако играме како денес во првиот дел, имаме реална шанса за победа над Исланд”, изјави Раул Гонзалез.

ОД 15 ПРЕСМЕТКИ, ИМАМЕ САМО ТРИ ПОБЕДИ И ЕДНО РЕМИ

Статистички Исланд доминира во пресметките со нашите ракометари во годините наназад. До сега имаме одигра 15 натпревари, квалификациски, во групна фаза на СП и ЕП. Македонија има само три победи и едно реми, останатите средби минале во знакот на „рибарите“.

Од поново време е мечот одигран токму во Мец (Македонија – Исланд 27-27), истата година уште двапати се сретнавме со оваа селекција во квалификациите за пласман на ЕП 2018 (Македонија – Исланд 30-25, Исланд – Македонија 30-29).

Втората победа ја забележавме во квалификациите за СП Хрватска, на домашен терен славевме со 34-26, Македонија била подобра од исланд и во 1999 година (32-29) во квалификации ЕП.

Традицијата лесно се урива, потребни се 60. минути лавовска битка за да бидеме меѓу „главните“ во Келн.