дома Социјални Мрежи ДА ТИ Е СТРАВ ИНТЕРНЕТ ДА ПУШТИШ: Провладините медиуми и агрегатори стнаа...

ДА ТИ Е СТРАВ ИНТЕРНЕТ ДА ПУШТИШ: Провладините медиуми и агрегатори стнаа розеви очила за состојбата во Македонија!

Се почесто агрегаторите на вести наместо според читаност се одлучуваат вестите да ги рангираат според своето политичко убедувања. Агрегаторите како што се вели ги ставија розовите очила и решија да замижат пред фактичката ситуација во државата.

Токму на оваа тема е и последниот Фејсбук статус на професорот Димитар Апасиев кој е член на президиумот на Левица. На својот Фејсбук профил тој вели ,, Какво време дое… Да ти е страв time.mk да отвориш. Оти може и да се шлогираш од убавиве вести на секое поле.#ДојдеЖивотЗаСитеОдПартија #ДаЖивеатМеснитеКомитети’’.

Апасиев конкретно мисли на најчитаниот агрегатор на вести time.mk кој се почесто промовира вести од провладините медиуми кои се пред се позитивни и креира нереална слика за состојбите во Македонија.

На агрегаторот нема да прочитате дека Македонија нема црвени линии во спорот со името, или пак дека договорот за добрососедство со Бугарија е спротивен на македонските национални интереси. Таму нема да прочитате дека Законот за двојазичност е против уставен или пак да прочитате за секојдневните скандали кој ги следат министрите од Владата.