дома Социјални Мрежи ДА ЧЕПНАТ НЕШТО И ТИЕ ЧЕСНИТЕ, АКО НЕ: Адвокатот Тортевски бара амнестија...

ДА ЧЕПНАТ НЕШТО И ТИЕ ЧЕСНИТЕ, АКО НЕ: Адвокатот Тортевски бара амнестија за сите затвореници во последните 10 години!

Изјавата на премиерот Зоран Заев дека треба да си простат помеѓу политичките противници за насилствата од 27 април минатата година во Собранието, крена голема прашина – пренесува „Фокус“

Адвокатот Александар Тортевски, преку својот Твитер налог, на циничен начин даде мислење за целокупната ситуација.

„Амнестијата треба да биде сеопфатна. Да се ослободат сите до еден затвореници. Да се запрат сите кривични постапки. Да се распуштат судот, ЈО и СЈО да не трошиме веќе пари за нив. Во следните 10 години да нема гонење за криминал за да чепнат нешто и тие што биле чесни до сега“, напиша Тортевски.