дома Македонија ДВАЈЦА СЕ ПОД ИСТРАГА: Бугарија со меѓународна потерница ќе ги бара двајцата...

ДВАЈЦА СЕ ПОД ИСТРАГА: Бугарија со меѓународна потерница ќе ги бара двајцата Македонци за увозот на опасниот отпад од Италија

Бугарија со меѓународна потерница ќе ги бара Блаже Игњатовски и Горан Ангелов, кои што се поврзуваат со бугарската фирма „Блацион ДОО“ со седиште во Софија. Преку оваа фирма е увезен опасен отпад од Италија, кој пристигнал на пристаништетот во Бургас, и истото беше откриено од државните органи на Бугарија.

Горан Ангелов, актуелен директор на Дрисла, утре ќе биде разрешен од функцијата.

Двајцата се под истрага поради увоз на опасен отпад од Италија. Треба да се испита каде завршувал тој отпад и каде бил согоруван.

Од денеска Дрисла е повторно јавно претпријатие на Град Скопје.