дома Балкан Двајца Aлбанци зaгинaa во вoopyжена пpecтрелка на kpиминaлни бaнди во Атина

Двајца Aлбанци зaгинaa во вoopyжена пpecтрелка на kpиминaлни бaнди во Атина

Двајца Албанци загинаа, а уште двајца се повредени во престрелка на две банди во Грција, јавија албанските медиуми.

Инцидентот се случил на плоштадот Агиос Состоис во Атина, во близина на кафуле. Жртви се татко и син, додека еден работник и уште едно лице се повредени.

Неколку млади лица отвориле оган кон 25-годишен Албанец, при што го усмртиле, а куршумите го погодиле и неговиот татко кој се обидел да се скрие зад столиците во кафулето, но е смртно погоден на самото место.

Полицијата се сомнева дека пресметката била меѓу банди кои переле пари за дилери на дрога, но истрагата за случајот е во тек.