дома Македонија ДВА НОВИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ СО ГРЦИЈА: Мајден-Промахои и Маркова нога-Лемос

ДВА НОВИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ СО ГРЦИЈА: Мајден-Промахои и Маркова нога-Лемос

Денеска во рамки на 106. седница, пратениците ги донесоа законите за ратификација на спогодбите меѓу Македонија и Грција за отворање два гранични премини, едниот е меѓу Мајден во нашата држава и Промахoи во Грција, а вториот е за регионот на Преспанското Езеро, односно ГП Маркова нога – ГП Лемос.

Овие два закона за ратификација на Спогодбата доаѓаат како резулат на заедничката иницијатива на пратениците од сите пратенички групи. Како што истакнаа тие, граничните премини ќе бидат од исклучителна важност за економската и трговската размена меѓу двете држави и значјани за туризмот и за граѓаните кои живеат од двете страни на границата.

Спогодбата за граничен премин Мајден – Промахoи е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор.

Во неа се предвидува двете држави на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.